Поранешниот НБА шампион, Сан Антонио Спарс извесен период ќе биде без првиот тренер Грег Попович откако искусниот стручњак се соочил со тешки здравствени проблеми.
Според информациите од САД, на Попович му се слошило во текот на викендот, па екипата во претстојниот период ќе ја води неговиот помошник.
„Тренерот на Сан Антонио Спарс доживеа здравствени проблем пред саботниот натпревар и неговиот асистент Мич Џонсон ќе биде во улога на главен тренер на неодредено време, вклучувајќи ги дуелите со Лос Анџелес Клиперс в понеделник и Хјустон Рокитс в среда“, објавија американските медиуми.
Попович не ја водеше екипата на дуелот со Минесота во саботата, а од Спарс само кратко соопштија дека „првиот тренер е отсутен од здравствени причини“. Тој е тренер со најдолг стаж во лигата во моментов бидејќи на клупата на Спара е веќе 29 години.

