Откако влезе во сериозни инвестиции во фудбалот и тенисот преку државниот фонд ПИФ, Саудиска Арабија планира да ја окупира и европската кошарка.
Угледниот Фајненшл Тајмс објави информација дека Саудијците сакаат да купат дел од акциите во Евролигата и за таа цел подготвиле една милијарда евра. Наводно, преговорите се во почетна фаза, а досега немало какви било ветувања од ниедна од двете страни.
Како инвеститот се јавува инвестициската група СУРЏ Спортс, но таа е под контрола на јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, ПИФ кој е сопственик на Фудбалскиот клуб Њукасл и преку кого одат скапите трансфери и договори во првенството на оваа азиска држава.
Ако оваа зделка успее, кошарката може да стане профитабилен спорт и во Европа бидејќи според некои проценки, во моментов во неа се вртат околу 700-800 милиони евра годишно. НБА е далеку напред со над 10 милијарди долари по сезона.


