Кадетската репрезентрација на Македонија ги загуби шансите да се пласира во четвртфиналето од Европското првенство Б-дивизија што се одрува во Скопје, дури и пред дуелот со Австрија кој е закажан за 18:30 часот.
На нашата селекција ѝ беше потребна победа на Естонија против Шведска во првиот меч од четвртото коло, но тоа не се случи. Швеѓаните славеа со 78-77 по што би се направил круг од три репрезентации со биланс 3/1, а во кој Македонија е најслаба. Одлучувачки е нашиот вчерашен пораз од Естонија со 19 разлика, па Македонија има -18 во конечниот збир, Шведска е на 0, а Естонија на +18.
Ова значи дека без оглед на исходот од дуелот со Австрија, кадетската репрезентација на Македонија ќе го освои третото место во групата и ќе разигрува за пласман од 9. до 16. место, а со тоа ги загуби шансите за пласман во А-дивизијата.


