Првиот човек на Кошаркарскиот клуб Морнар, Ѓорѓије Павичевиќ уапсен е денеска повторно во истрагата на Специјалното државно обвинителство поради пверц на цигари, објавија црногорските медиуми.
Павичевиќ и уште тројца, денеска се однесени во просториите на Обвинителството во Подгорица, а ова е вторпат тој да биде уапсен откако истото му се случи на 28 декември 2023 година. Во зависност од развојот на настаните во овој случај ќе се знае и судбината на Морнар кој минатата сезона едвај ја заврши и неизвесно е дали ќе може да се натпреварува претстојната. Своја шанса од сенка чека МЗТ Скопје кој е во пол-позиција да влезе во АБА лигата и ако Цибона не успее да се консолидира.
Морнар досега промовира двајца кошаркари за новата сезона и тоа го направи уште пред крајот на јуни.


