Пред една недела Партизан го пречека Баерн во првиот натпревар без Жељко Обрадовиќ на клупата и околу 20 илјадин навивачи жестоко ги исвиркаа речиси сите кошаркари, обвинувајќи ги за заминувањето на најтрофејниот европски стручњак.
Играчите на Партизан тогаш иако на домашен терен, се чувствуваа како гости бидејќи добија навреди од сопствените навивачи, во ниеден момент на добија поддршка, а по натпреварот, дури не ни прославија со присутните во Арена. Една недела подоцна, сликата е сосема поинаква, дури чудна.
Nisu mogli košarkaši Partizana da ne proslave pobedu u derbiju sa svojim navijačima!#kkp #partizan pic.twitter.com/n60PRFLnHK
— Sportal.rs (@SportalSrbija) December 12, 2025
„Црно-белите“ синоќа ја совладаа Црвена Звезда во големото евролигашко дерби и по негатива од 16 разлика во третата четвртина. Веднаш по завршувањето на натпреварот, играчите бурно прославија со најжестоките навивачи на Партизан, истите оние кои ги навредуваа на дуелот со Баерн и кои предизвикаа таков гнев кај Тајрик Џонс и Двејн Вашингтон што малку недостасуваше да дојде и до тепачка. За разлика од минатата недела кога беа прогласени за предавници и од нив се бараше да си оди од Партизан, сега се херои на клубот.
Излезе дека Остоја Мијаиловиќ беше во право кога рече дека Обрадовиќ ќе биде заборавен по првата победа на Партизан.


