Откако ги пропушти првите натпревари од сезоната поради повреда, Жоел Ембид ќе мора да остане надвор од терените уште најмалку една недела.
Причина за тоа е суспензијата која му ја изрече НБА поради вербалниот и физички напад врз новинарот Маркус Хејс кој во својата колумна ги спомна синот и покојниот брат на Ембид. Камерунецот со американски пасош во саботата го фатил за врат и го удрил Хејс, најавувајќи му дека ако уште еднаш го направи истото, ќе си помине многу полошо.
НБА го суспендира центарот на Филаделфија на три натпревари и тој ќе ги пропушти дуелите со Клиперс, Лејкерс и Шарлот. Тоа е врв на очајниот старт на сезоната за Сиксерс кои по шест меча имаат само една победа. Ембид претходно изјавуваше дека ќе игра кога сака, а последната информација е дека е повреден.


