Новата суперѕвезда на Далас Маверикс, Купер Флег одигра еден од своите најдобри натпревари откако пристигна во НБА како прв избор оваа година, а неговиот Далас Маверикс го победи Денвер Нагетс со 131-130.
Купер го заврши натпреварот со 33 поени, девет скока и девет асистенции, а погоди четири тројки, што е негов рекорд во кариерата во најсилната кошаркарска лига во светот. Мавс ја прекинаа серијата од два пораза, во кои ја пропуштија предноста во четвртата четвртина и дојдоа до вториот триумф против Денвер оваа сезона, откако победија со 131-121 во Денвер на 1 декември.
Нагетс, кои губеа со 29-50 на почетокот на втората четвртина, поведоа за првпат на почетокот на четвртата четвртина и намалија на еден поен разлика во последниот период. Имаа шанса за победа, но обидот за три поени на Пејтон Вотсон од левиот агол заврши на обрачот.
Седумте скокови на Јокиќ беа негови најниски оваа сезона во која тој е лидер во лигата со просек од 12,1 скок. Флег, кој пред три дена наполни 19 години, има просек од 19,2 поена, 6,4 скока и 3,8 асистенции по натпревар во својата дебитантска сезона. Неговиот рекорд на кариерата е 42 поена, кои ги постигна пред осум дена во поразот од Јута Џез.
Центарот Ентони Дејвис исто така беше одличен за Далас со 31 поен и девет скока во дуелот против Никола Јокиќ. Српскиот центар на Денвер одговори со 29 поени, седум украдени топки и 14 асистенции. Џамал Мареј исто така беше одличен со 31 поен, седум скока и 14 асистенции, но победничката серија на Денвер на гостински натпревари запре во Далас. Пред овој, тие победија во 11 претходни гостински натпревари.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Вашингтон 126-109
Филаделфија – Бруклин 106-114
Атланта – Чикаго 123-126
Кливленд – Њу Орлеанс 141-118
Индијана – Милвоки 94-111
Мајами – Торонто 91-112
Далас – Денвер 131-130
Минесота – Њујорк 115-104
Сан Антонио – Оклахома 130-110
Феникс – ЛА Лејкерс 132-108
Јута – Мемфис 128-137
Портланд – Орландо 106-110
Сакраменто – Детроит 127-136
ЛА Клиперс – Хјустон 128-108


