Репрезентацијата на Јапонија испушти голема шанса да го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од Олимписките игри.
Во рамките на второто коло од групата Б, домаќинот славеше со 94-90, но дури во продолжение откако во финишот од основниот дел се спаси од пораз. Не само што Јапонците играа одлично, туку на 16 секунди пред крајот водеа со 84-80 по двете погодени слободни фрлања на Кавамура. Во следниот напад токму Кавамура го фаулираше Стразел при шут за тројка, францускиот кошаркар погоди и доби слободно фрлање од кое го израмни резултатот и го однесе мечот во продолжение.
Во дополнителните пет минути доминираше Виктор Вембанјама кој постигна осум од десетте поени за „триколорите“ и Франција дојде до победата која многу веројатно ја носи во топ-8 фазата од олимпискиот кошаркарски турнир.
Вембанјама беше најдобар играч кај Французите со 18 поени, 11 скока и 6 асистенции за индекс 30, Стразел постигна 17 поени, а Фурние 14. Кавамура со 29 поени ја предводеше Јапонија за која Хачимура додаде 24, а Хоукинсон 16 поени.


