Првата македонска репрезентација што ќе настапи на меѓународна сцена ова лето е У20 селекцијата која од 10 до 19 јули ќе учествува на Европското првенство Б-дивизија во Братислава.
Експедицијата денеска замина за Словачка, а претходно селекторот Никола Велев ги избра 12. кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија на овој шампионат. По тринеделните подготовки и одиграните четири пријателски натпревари, против БиХ и Бугарија, одреден е составот што ќе се обиде да го повтори успехот од пред две години. Оваа генерација го освои златниот медал на У18 Б-Европското првенство во 2024 година, а сега го сочинува костурот за следниот предизвик.
Голем проблем е тоа што репрезентацијата отпатува за Братислава без еден од најголемите таленти во оваа генерација Никола Јаничиќ кој заминува во НЦАА, како и без Стефан Стојковиќ кој долго време влече повреда.
На Европското првенство, Македонија е во групата А, со домаќинот Словачка, потоа Ирска, Шведска и Азербејџан. Првиот натпревар го игра на 10 јули, против Словачка.
СОСТАВ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
1. Сергеј Младеновски
2. Сергеј Петровиќ
3. Лука Марјановиќ
4. Даниел Батермер
5. Андреј Чадамов
6. Даријан Димовски
7. Коста Ќириловски
8. Атанасиј Трајанов
9. Амар Грбовиќ
10. Бојан Димитриев
11. Давид Петрушевски
12. Марко Лукановски
СЕЛЕКТОР: Никола Велев
АСИСТЕНТИ:
Марко Докузовски
Предраг Самарџиски


