Турскиот репрезентативец Алперен Шенѓун се повреди по само една минута од дуелот со Далас и не можеше да ја продолжи играта. Го повреди зглобот, а сè уште не се знае колку долго ќе биде надвор. Без Шенѓун, Хјустон не можеше многу против Далас и изгуби со 104-110.
Кевин Дурант го презеде офанзивниот товар врз себе, но беше јасно дека не може сам. Поточно, дека другите не се чувствуваа доволно удобно на теренот без својот лидер. Маверикс го искористија тоа, тие беа оние кои го наметнаа ритамот во двата правци и доминираа во втората четвртина (32-19). Тие беа подобри и во третиот период, а на почетокот од четвртата четвртина достигнаа максимални +17.
Хјустон се крена благодарение на Дурант, кој направи серија од 6-0, а на минута пред крајот Рокетс дојдоа на само -5. Сепак, надежите за епски пресврт беа уништени од Макс Кристи, кој премногу лесно стигна до обрачот и заби, ставајќи точка на сите дилеми
Ентони Дејвис заврши натпреварот со 26 поени, 12 скока и пет блокади, Кристи постигна 24 поени, Брендон Вилијамс 15, додека Купер Флег и Наџи Маршал постигнаа по 10. На другата страна, Дурант се истакна со 34 поени, Амен Томпсон имаше 20 со 12 скока, Исон постигна 19 и зеде 10 топки, а Џабари Смит Џуниор потфрли со мизерни само седум поени и катастрофални 2/13 од поле.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Клиперс – Бостон 115-146
Голден Стејт – Јута 123-114
Далас – Хјустон 110-104
Чикаго – Шарлот 99-112
Сан Антонио – Портланд 110-115
Њујорк – Филаделфија 119-130
Торонто – Атланта 134-117
Мајами – Минесота 115-125


