Турскиот кошаркар Алеперен Шенѓун се пожали на судењето откако неговиот Хјустон загуби на гостувањето кај Денвер Нагетс со 125-128.
Секогаш интересниот дуел помеѓу него и Јокиќ му припадна на српскиот ас по продолжение. Јокиќ постигна 39 поени, 15 скока и десет асистенции, додека турскиот центар имаше 33 поени, со по десет скока и асистенции. По натпреварот, имаше поплаки од Хјустон за судењето, а Шенѓун истакна дека судиите немаат исти критериум кон него и Јокиќ.
„Тој е неверојатен, знаете. Одличен офанзивен играч и може да направи сè во нападот. Но, го има Џамал (Мареј) до него, па… Се обидувате да го чувате, а не можете да го допрете во исто време, веднаш добива фаул. Јас само се обидувам да бидам солиден на секоја позиција и да го дадам најдоброто од себе“, рече Шенѓун.
Откако Турчинот пристигна во НБА, го доби прекарот „Бејби Јокиќ“ и се повеќе го оправдува со своите игри иако Хјустон е во серија од четири порази против Денвер.


