Сензационален натпревар одиграа синоќа кандидатите за МВП на сезоната во НБА лигата.
Домашните Денвер Нагетс предводени од Никола Јокиќ го победија Сан Антонио Спарс со Виктор Вембанјама со 136-134 по продолжение. Тимот од Колорадо направи пресврт откако гостите имаа водство од 13 поени и им ја прекинаа серијата од 11 победи.
Никола Јокиќ постигна 40 поени и имаше 13 асистенции, осум скока и три блокади. Тој е единствениот во новата ера на НБА кој, со сето погоре наведено, го заврши натпреварот без изгубена топка. Кристијан Браун додаде 21 поен, Камерон Џонсон постигна 17 поени. , но Гордон постигна поен на 6,2 секунди до крајот на регуларниот дел за израмнување по што го принуди Вембанјама да го промаши својот последен шут во регуларниот дел.
Вембањама заврши со 34 поени, 18 скока, седум асистенции и пет блокади за Спарс, кои загубија само по трет пат во последните 30 натпревари. Стефон Касл постигна 20 поени за Сан Антонио, додека Девин Васел и Џулијан Шампањ постигнаа по 18 поени. Спарс имаат скор од 48-2 во натпреварите во кои водеа со двоцифрена разлика во четвртата четвртина оваа сезона. Сега имаат скор од 48-3, а два од тие порази се против Нагетс, кои се вратија од дефицит од 13 поени во четвртата четвртина за да го победат Сан Антонио на 12 март.
На седум натпревари против Вемби, Јокиќ има скор од 5-2 и феноменален настап против „најдобриот дефанзивен играч во светот“.


