Повратникот во Првата македонска кошаркарска лига Шкупи го направи најголемото изненадување сезонавав откако вечерва славеше на гостувањето кај вицешампионот Пелистер со 90-86.
До ова коло, Пелистер само еднаш беше поразен и тоа на гости кај Гостивар, а дома беше со максимален ефект поради што се очекуваше без поголеми проблеми да го победи аутсајдерот. Сепак, Шкупи се надмина себеси и дојде до само вториот триумф со што се искачи на местата кои водат во плејофот.
Пелистер го диктираше темпото во првото полувреме, водеше со 16-7 по пет минути игра, но во вториот период Шкупи се оттргна од шокот и не само што ја стигна негативата, туку и го презеде водството. На три минути пред крајот водеше со 39-34, а на голем одмор се замина со 45-45. Вториот почна со водство на домаќините, но Шкупи без ја презеде контролата над резултатот и на стартот на последниот период дојде до предност од 69-61, подоцна и највисокото водство, од 73-63.
Така беше и на две минути пред крајот (81-71), но Пелистер некако успеа да се консолидира и на 15 секунди пред крајот да изракни на 86-86. Домаќините потоа донесоа чудна одлука, да направат фаул, па Арчи го врати Шкупи во предност, Антоан ја загуби топката и Арчи само стави точка на мечот.
Тој беше и најефикасен играч со 26 поени, Стојановски оствари дабл дабл против својот поранешен клуб со 23 поени и 10 скока, а Вилијамс постигна 20 поени и 13 скока. Победата на Шкупи добива на значење ако се знае дека е остварена со само пет играчи бидејќи од резервите на теренот се појави само Камбери кој одигра нешто помалку од шест минути и не постигна поени. Антоан со 26 поени го предводеше Пелистер, а повратникот во тимот Бојиќ додаде 19.


