Плејмејкерот на македонската репрезентација Сергеј Младеновски денеска го одигра својот најдобар натпревар на Европското првенство Б-дивизија.
Освен што ја водеше нашата селекција до победата против БиХ, кошаркарот на Вардар блесна со две атрактивни забивања од кои првото исклучително квалитетно.
До него дојде во првата четвртина откако успеа да се ослободи од противничиот чувар, а второто во третата четвртина по украдена топка.


