По пет победи во низа, Партизан доживеа пораз во Евролигата и тоа од екипа која до вечерва немаше триумф на гостински терен.
Без петмина кошаркари во составот, „црно-белите“ беа совладани пред своите навивачи од Асвел до 79-82 со што направија голем чекор назад во борбата за пласман во топ-10. Мечот во Белград го одбележаа големите резултатски осцилации. Асвел водеше речиси цело прво полувреме и имаше +9, Партизан во третиот период направи пресврт и исто така поведе со девет разлика, но францускиот тим во последната четвртина повторно ја презедеа предност и не ја испушти до крајот. Во драматичниот финиш „црно-белите“ направија премногу грешки што со лимитираниот ростер поради повреди и болести на кошаркарите беше пресудно за нивниот прв пораз по долга пауза.
Вашингтон со 22 поена беше најефикасен во тимот на Партизан и го одигра својот натпревар оваа сезона во Евролигата. Маледон со 21 и Ловерњ со 17 поени го предводеа тимот на Асвел. Сега двете екипи се израмнети на табелата со биланс 7/9 и на делба од 12. до 15. позиција.


