Откако Пелистер и Ангели го отворија 16. коло на Суперлигата, денеска на програмата се и останатите пет натпревари од овој круг.
Дербито е во Куманово каде љубителите на кошарката ќе имаат можност да видат реприза на финалето од Купот на Македонија, одиграно во неделата, меѓу МКК и МЗТ Скопје. Исходот од тој меч, но и односот на силите на овие две екипи го прават шампионот апсолутен фаворит за победата со што „штрковите“ ќе ја продолжат потерата по лидерот ТФТ.
Од влезот на МКК Куманово во елитната конкуренција, МКК Куманово седум пати се сретна со МЗТ Скопје, сметајќи ги сите натпреварувања и во сите седум славеше тимот од „Јане Сандански“.
Интересно се очекува да биде и во Маџари каде ТФТ ќе го пречека Феникс на теренот на својот противник.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
Гостивар – Работнички 18:00
МКК Куманово – МЗТ Скопје 18:00
Тиквеш – Маџари 18:00
Кожув – Чаир 19:00
ТФТ – Феникс 19:00


