Новиот македонски репрезентативец Нејт Сестина, кој вчера дебитираше за нашиот национален тим и претстојната сезона ќе настапува во елитното европско натпреварување.
Неодамна тој ја напушта Олимпија Милано со која му истече договорот, а денеска му се закажани лекарски прегледи во Асвел и ако нема проблеми, ќе стави потпис на договорот со поранешниот шампион на Франција. Асвел неодамна го постави за тренер славниот Тони Паркер и веќе почна со изградба на ѕвезден тим за новата сезона во која ќе атакува на титулата во домашното првенство и на врвот во Евролигата.
За Сестина тоа ќе биде трет клуб од Евролигата, по Фенербахче и Олимпија Милано со која ја освои титулата во италијанското првенство.


