Освен што е во серија од 6-0 во дуелите со Партизан, тренерот на Црвена Звезда, Јанис Сферопулос денеска го запиша своето име во историјата на АБА лигата.
Тој стана првиот странски стручњак (од држава што нема свој претставник во натпреварувањето) кој ја освоил титулата во јадранската лига. Како предводник на Црвена Звезда, денеска тој триумфираше против Партизан со 3-0 во финалната серија и на својот тим му го донесе седмиот пехар. Меѓу другото, Звезда е прва по седум години која без пораз во финалето ја освоила титулата во АБА лигата. Последен пат финалната серија заврши со 3-0 во 2017 година кога исто така Црвена Звезда ја совлада Цедевита.
Сферопулос дојде на средина од сезоната како замена на Душко Ивановиќ, но досега ги освои трофеите во Купот на Србија и во АБА, а му останува да ја комплетира тројната круна со домашното првенство.


