Втората еднодневна пауза донесе и нов пресек во статистичките категории на Б-Европското првенство што се одржува во земјава.
Македонската репрезентација оствари две победи и три порази што не е ефект кој го посакуваа навивачите, но сепак има еден од најдобрите кошаркари на шампионатот. Станува збор за Дион Шабани кој во неколку статистички категории е во топ-5.
Со 118 поени, тој е втор стрелец на првенството, зад Мак Омеровиќ од БиХ, со просек од 9,2 скока по меч се наоѓа на четврото место меѓу скокачите, со две блокади на натпревар е четврти блокер а има и втор највисок индекс – 26,2. Исто така, кошаркарот на Црн Дрим, заедно со Илајџа Имевборе од Велика Британија, се наоѓа на првото место според остварени дабл дабл ефекти досега, со три на петте меча.
Од останатите македонски кошаркари, за издвојување е фектот на плејмејкерот Михаил Анѓелковски кој е втор асистент со просек од седум додавања по меч, а во вкупниот број е најдобар со 35 асистенции, четири повеќе од Бориис Цоков од Бугарија.


