Може да се дебитира за начинот на кој стигнаа до победата, но американските кошаркари по мечот против Србија ја покажаа својата човечка големина.
Сите кои излегоа пред камерите им оддадоа максимален респект на Србите за она што го демонстрираа на синоќешниот натпревар и начинот на кој се бореа до последната секунда. Од селекторот Стив Кер, до највозрасниот Леброн Џејмс, за противникот имаше само комплименти.
„Би сакал да ѝ оддадам големо признание на Србија, против нас дадоа се што имаа. Одлична екипа се, играа неверојатно добри, не тестираа и тоа ни беше потребно“, рече Леброн.
Уште поимпресиониран беше селекторот Кер кој и порано беше голем фан на српската кошарка.
„Србија одигра совршен натпревар. Почестен сум што бев дел од овој меч, еден од најдобрите во мојот живот. Видов неколку српски кошаркари како плачат по натпреварот, се почувствував ужасно бидејќи направија се, играа извонредно“, рече тренерот на Голден Стејт.
Во сличен тон зборуваше и Кевин Дурант кој ги задржа шансите да стане првиот кошаркар со четири златни медали од олимписките игри.
„Гледате каква гордост имаат Србите за својата земја, ги гледате навивачите како ја пејат химна за време на натпреварот“, рече Дурант.


