НБА првакот од 2023 година Денвер Нагетс го официјализираше договорот со искусниот плејмејкер Расел Вестбрук и доби значајно засилување за новата сезона.
Вестбрук не блеска последните години во кои играше за Лејкерс и Клиперс, но се очекува да ја врати старата форма покрај трикратниот МВП во лигата Никола Јокиќ. Тој е рекордер по бројот на остварени трипл дабл во НБА, а многу блиску до врвот е и Јокиќ кој сега ќе има квалитететен разигрувач.
Неодамна Вестбрук беше трејдуван од Клиперс во Јута, но тимот од Солт Лејк Сити веднаш го отпушти и му даде можност самиот да бира каде ќе ја продолжи кариерата. Плејмејкерот потпиша договор на две години за 6,8 милиони долари со тоа што има можност во 2025 година да излезе од него.


