Репрезентацијата на Хрватска на магичен начин ги почна квалификациите за пласман на Олимписките игри во Париз откако во првото коло буквално ја разнесе Словенија, еден од фаворитите за триумф на турнирот во Пиреја.
„Коцкестите“ заличија на онаа селекција од пред три децении и славеа со 108-92, нанесувајќи им го на Словенците еден од најтешките порази во поновата историја. Не помогна ни присуството на Лука Дончиќ иако суперѕвездата на Далас Маверикс го заврши мечот со трипл дабл.
Шок за словенечката репрезентација беше првата четвртина во која Хрватска влезе максимално ангажирано и водеше со 31-13. Интересно е тоа што оттогаш до крајот на мечот, предноста на Хрватите не се симна на едноцифрена вредност, а затоа предноста одеше и до +27. Во финишот, хрватскиот селектор ги повлече најдобрите играчи, па Словенија со серија од 9-0 се спаси од тотална катастрофа.
Дончиќ на теренот помина безмалку 37 минути и за тоа време оствари трипл дабл со 26 поени, 11 скока и 10 асистенции, но со катастрофален шут за тројка (0/9). Трипл дабл на спротивната страна имаше и Дарио Шариќ кој реализира 19 поени, 10 скока и 10 асистенции, но изненадување за Словенците беше малку познатиот кошаркар на Игокеа, Горан Филиповиќ кој беше прв стрелец во хрватската репрезентација со 21 поен,
По ваквиот развој на настаните, Словенија многу веројатно во полуфиналето ќе игра со домаќинот на турнирот, Грција, додека Хрватите ќе имаат нешто полесна задача против Доминиканска Република иако далеку од тоа дека имаат загарантирано место во мечот за пласман на Олимписките игри.
РЕЗУЛТАТИ
ТУРНИР ПИРЕЈА
ГРУПА А
Словенија – Хрватска 92-108
ГРУПА Б
Египет – Доминиканска Република 77-90
ТУРНИР РИГА
ГРУПА А
Грузија – Летонија 55-83
ГРУПА Б
Бразил – Црна Гора 81-72
ТУРНИР ВАЛЕНСИЈА
ГРУПА А
Либан – Шпанија 59-104
ГРУПА Б
Финска – Бахами 85-96
ТУРНИР САН ХУАН
ГРУПА А
Мексико – Литванија 02:30 ч.
ГРУПА Б
Италија – Бахреин 23:30 ч.


