Очигледно Руди Гобер е еден од најнеомилените кошаркари на Шекил Онил, па легендарниот центар не пропушта прилика јавно да го критикува.
Пред неколку дена Французинот првпат одговори и рече дека на Шек не му е потребно тоа за да остане релевантен, но во исто време испрати провокација, велејќи дека Онил му е љубоморен поради неговиот успех и финансиите. Шек едвај чекаше да добие нова можност да му одговори и тоа го направи во еден поткаст.
„Прво, не сум испровоциран од твоите приходи или достигнувања. Ако зборуваш за малите трофеи кои ги имаш, тоа не е доволно кога заработуваш 250 милиони долари, момче, не е доволно. Ти си дефанзивец на годината, а гледам дека ти си целта на секој извештај на скаутите“, одговори, меѓу другото, Онил.
На негова страна застана и Јудонис Хаслем кој му порача на Гобер дека може да ги демантира само на еден начин – да освои шампионска титула.


