Една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката Шекил Онил зборуваше за се помалиот јаз меѓу репрезентацијата на САД и останатите селекции низ светот и најави дека Американците нема да ја одбранат титулата на Олимписките игри во Лос Анџелес иако ќе бидат во улога на домаќини.
Такво нешто се чини разумно, со оглед на тоа што нема многу млади ѕвезди кои би можеле да ги наследат сегашните, но Шек изненади со својата прогноза кој би можел да биде нов олимписки првак. Меѓу другите, ја спомна и хрватската репрезентација.
„Леброн повеќе нема да игра, веројатно нема ни Дурант и Кари и не гледа други кошаркари кои би можеле да ја продолжат нивната доминација. Европските репрезентации се многу добри, Хрватска, Србија, Германија… сите тие можат да го освојат златото на Олимписките игри“, рече Шек.
Хрватската репрезентација немала забележителен резултат од Олимписките игри во Рио де Жанеиро кога го освои петтото место, а од 2017 година, само еднаш учествуваше на големите натпреварувања и тоа на Европското првенство преклани.


