Екипата на Шкупи се одлепи од Вардар откако вечерва во меѓусебниот дуел со својот градски ривал, како домаќин славеше со 89-68.
Со тоа, единствен тим без победа во Првата лига ќе остане Вардар кој остана на последното место на табелата. Чаирчани беа апсолутно подобар тим на мечот, доминираа почнувајќи од втората четвртина која ја добија со 27-16 и до крајот не ја испуштија убедливата предност.
Во воведниот дел од натпреварот, Вардар имаше и +7 (16-9), но Шкупи брзо се консолидира, до крајот на четвртината израмни на 21-21, а од средината на вториот квартал ја почна својата доминација. Првпат на двоцифрена предност отиде на 30-тина секунди пред крајот на полувремето (48-37), Вардар не се предаде и уште извесен период знаеше да се доближи на достижна негатива, но Шкупи во последниот период отиде на 74-54 и тука веќе се беше решено.
Дури шест играчи на Шкупи беа двоцифрени, а најефикасен Вилијамс со 19 поени. Стивенс го предводеше Вардар со 18.


