Една од најголемите ѕвезди во НБА, Јанис Адетокунбо нема да игра на претстојниот Ол стар натпревар кој се игра на 16 февруари во Сан Франциско.
Од Милвоки Бакс објавија дека грчкиот репрезентативец има повреда на листот поради што ќе мора да паузира една недела. Освен натпреварите со Филаделфија, Голден Стејт и Минесота, тој ќе го пропушти и собирот на сите ѕвезди, а неговото враќање може да се очекува на дуелот против Лос Анџелес Клиперс на 21 февруари.
Адетокунбо требаше да биде во „тимот на светот“ на Ол стар натпреварот, заедно со Шеј Гилџес-Александер, Никола Јокиќ, Алперен Шенѓун, Паскал Сијакам и Виктор Вембанјама.


