Партизан го претрпе петтиот пораз во низа сметајќи ги сите натпреварувања, но драстично си ги намали шансите за пласман во плејофот од Евролигата.
„Црно-белите“ загубија на домашен терен од Баерн со 78-79 и тоа благодарение на тројката на Силван Франсиско преку Френк Камински во последната секунда. Претходно Партизан имаше и десет поени предност во третата четвртина, но сега тргна на страната на Баерн откако се разигра Франсиско. Во третиот период постигна осум поени и го донесе својот тим на -4 по 30 минути игра, а во финишот ги реализира последните пет поени на германскиот тим по негативата од 74-78.
Мечот го заврши со вкупно 20 и беше најефикасен кај Баерн, а со два помалку од Кевин Пантер кој беше прв стрелец на натпреварот.
Баерн сега се доближи на една победа од Партизан кој пак заостанува исто толку зад десеттопласираниот Макаби. Позитивна вест за „црно-белите“ е тоа што Макаби и Валенсија загубија во ова коло, па не му избегаа на белградскиот тим и на осум кола пред крајот на основниот дел, се уште постојат шанси за влез барем во плејинот.


