Шампионот на АБА, Црвена Звезда можеби ќе остане без место во Евролигата идната сезона и покрај тоа што белградскиот клуб веќе го прослави учеството во елитното натпреварување.
Извршниот директор на Евролига, Паулиус Мотиејунас ги олади „црвено-белите“ откако изјави дека дополнително ќе се одлучува за учесниците во новата сезона.
„Нема веќе шампиони, не е ситуацијата како порано, да победиш и да влезеш во Евролига. Местото во домашните првенства повеќе не е важно, секој има шанси и разговараме со секого, а клубовите ќе одлучат. Моја задача е да ги изнесам критериумите за оценување за да клубовите да го видат тоа и да го разберат. Нам ни е важна Алба и Берлин, но има и други“, изјави Мотиејунас.
Минатата недела тој рече дека четири од пет клуба ќе добијат специјални покани, а еден ќе мора во Евролигата. Во конкуренција се: Црвена Звезда, Партизан, Валенсија, Алба и Виртус.


