Најдобриот играч на Сан Антонио, Виктор Вембанјама ќе го пропушти остатокот од сезоната во НБА лигата поради тромб на рамото, соопшти денеска франшизата од Тексас.
Првиот пик од драфтот во 2023 година почувствувал болки последните денови, а докторите утврдиле дека на едно место на рамото има згрутчување на крвта. Според нив, проблемот е изолиран и нема да му предизвика поголеми проблеми, но за секој случај, тој нема да игра до крајот на сезоната.
Отсуството на Французинот ќе биде голем проблем за Спарс кои се уште имаат теоретски шанси за пласман во плејаутот. Вембанјама досега имаше просек од 24,3 поени, 11 скока и 3,8 блокади по натпревар.
Настапот на Вембанјама на Европското првенство не би требало да биде доведено под знак прашалник бидејќи тоа ќе се одржи во август и септември.


