Екипите на Минесота и Њујорк договорија трејд во кој се вклучени можеби најдобрите играчи на двете екипи.
Во Никс оди репрезентативецот на Доминиканска Република, Карл Ентони Таунс, а Минесота за него ги доби Џулиус Рендл и Донте Дивиченцо, плус пик во првата рунда на драфтот кој е префрлен од Детроит. Двете екипи си разменија едни од најдобрите играчи бидејќи Таунс го имаше тој статус во Минесота неколку години, а Рендл кај Њујорк иако минатата сезона му се придружија Бриџис и Брансон.
Сепак, не беше тајна дека Вулфс долго време сака да го трејдува Таунс, а Рендл беше во војна со стручниот штаб. Колатерална штета е Дивиченцо кој беше миленик на публиката, но Њујорк мораше да го вклучи размената за да се израмнат понудите. Таунс во Њујорк повторно ќе работи со Том Тибодо кој во еден период му беше тренер во Минесота.


