И покрај славата и успехот на кошаркарски план, некогашниот играч на Вашингтон, Хјустон и Клиперс, Џон Вол призна дека не бил среќен во животот.
Како последица на тоа, два пати сакал да се убие, си ставил дури пиштол в уста, но во двата случаја, го спасила помислата на неговите деца.
„Знам како е и постојано се обидувам да им објаснам на луѓето дека менталните проблеми се сериозни. Да не беа моите две деца, јас сигурно веќе ќе се убиев. Два пати си ставив пиштол в уста, но помислував дека ќе ги разочарам и ќе нема кој да ги израсне. Луѓето што се околу мене и пријателите не знаеја што ми се случува и не знаеја за моите намери. Тоа беа најлошите денови во мојот живот, се обидував да најдам среќа, но не успевав“, откри Вол во гостувањето во еден поткаст.
Тој беше избран како прв пик на НБА драфтот во 2010 година од Вашингтон Визардс, таму помина една деценија, потоа три години играше во Хјустон и една во Лос Анџелес Клиперс. Од февруари 2023 година е без ангажман, но се уште не означил крај на кариерата. Пет пати по ред (од 2014 до 2018 година) беше Ол стар и еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата во тој период.


