Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс денеска се врати во Париз како играч на Панатинаикос, а францускиот тим направи убав потег и му оддадоа почит со шампионски прстен.
Подарокот е во чест на шампионската титула од минатата сезона, прва во историјата на клубот, а за која најзаслужен беше токму Шортс. Американецот со Патанаикос АКТОР се соочува со Париз на гостински терен во 10-тото коло од Евролигата, а Ти Џеј Шортс е жива легенда на клубот бидејќи освен што освои речиси се што можеше, беше прогласен за МВП на сезоната во сите натпреварувања, со исклучок на Евролигата.

Гостувањето во Париз за Шортс доаѓа во период кога критики за него имаат и тренерот и сопственикот на Панатинаикос.


