Дебитантот во Евролигата, Париз не планира да застане. Францускиот вицешампион вечерва ја оствари осмата победа во низа откако на домашен терен го совлада Виртус со 81-78.
Натпреварот во Париз имаше драматичен финиш и покрај тоа што во последната четвртина, домашниот тим водеше со 14 поени разлика (77–63). Виртус се врати во серија со серија од 12-0 и намали на само два поена, но во клучните моменти на сцена стапи Ти Џеј Шортс кој го постигна клучниот кош и ја запечати победата на својот тим.
TJ SHORTS IS CLUTCH ‼️
— Paris Basketball (@ParisBasketball) November 28, 2024
It was 78-75 with 12 seconds before this jumper 😱
It’s now 80-78 as Belinelli hits the 3 right after 😒
6 seconds. Our ball. pic.twitter.com/AaGjRoNqj3
Македонскиот репрезентативец беше и најефикасен играч на Париз со 19 поени и 9 скока и покрај тоа што вечерва не беше особено прецизен од игра (4/12).
Париз сега има ист број победи како лидерот на табелата Фенербахче (9), но со еден натпревар повеќе бидејќи турскиот тим утре ја пречекува Олимпија Милано.


