По 19 одиграни кола во Евролигата, најдобар игра е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.
Неговиот тим Париз е со еден натпревар помалку, одложениот против Фенербахче од минатата недела и тој може да предизвика промени во редоследот. Сепак, со оглед на тоа што не се знае кога ќе се одигра тој дуел, до овој момент Шортс е најдобар со индекс 23,6, пред Никола Миротиќ со 23,5 и Тео Маледон со 23,4.
Освен тоа, Шортс е и третопласиран на листата на стрелците со 19,3 поени по натпревар, зад Кендрик Нан кој има просек од 20,2 и Карсен Едвардс од 20,7. Париз се наоѓа на чело на табелата, а ја има и најдолгата победничка серија по првата полуетапа која изнесува 10 триумфи.


