По одличните настапи во претходните натпревари, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс вечерва комплетно потфрли во Евролигата, но за негова среќа, тоа не се одрази на резултатот на Париз.
Вицешампионот на Франција ја совлада Басконија со 67-65 за трета победа по ред и четврта вкупно сезонава и покрај тоа што Шортс беше далеку од своето ниво. Всушност, тој го одигра својот најлош натпревар во оваа натпреварувачка кампања, постигнувајќи девет поени со очаен шут од игра – 4/21 (0/3 за три, 4/18 за два). Позитивен индекс (2) имаше само поради тоа што оствари четири скока, пет асистенции и изнуди седум лични грешки.
Куриозитет е тоа што дури и со ваков катастрофален шут, Шортс беше најефикасен во својот тим со девет поени, колку што имаа и Хифи и Ворд. Ниеден кошаркар на Париз не постигна двоцифрен број поени. Друг интересен податок од овој меч е тоа што Басконија ги промаши првите 17 шута за три поени и натпреварот го заврши со 1/26 од дистанца, а единствената тројка ја постигна Хауард.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Партизан 89-72
Жалгирис – Монако 63-62
Црвена Звезда – Панатинаикос 77-81
Асвел – Баерн 71-84
Париз – Басконија 67-65


