Францускиот претставник Париз поведе со 1-0 во полуфиналната серија од Еврокупот откако вечерва славеше во дуелот со Лондон Лајонс со 99-86.
Повторно централна личност на мечот беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој за 26 минути во игра постигна 23 поени, 7 асистенции и 6 скока за индекс 33, највисок во неговата екипа. Ова е трета победа на Париз против Лондон во Еврокупот оваа сезона, по двете во групната фаза.
Вториот меч од серијата се игра на 29 март во Лондон, а евентуалната „мајсторка“ повторно во Париз на 3 април.


