Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс беше најдобар играч на Париз во победата против Хувентут со 86-70.
Со неа, францускиот претставник обезбеди пласман во полуфиналето од Еврокупот и ј продолжува борбата за пласман во Евролигата. Шортс на теренот помина 28 минути и беше на чекор од дабл дабл со 21 поен (најмногу во неговата екипа) и 9 асистенции.
Во полуфиналето, Париз ќе игра со Лондон Лајонс кого два пати го победи во групната фаза. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Бурж и Бешикташ.


