Францускиот шампион Париз останува најпријатно изненадување сезонава во Евролигата откако денеска ја оствари четвртата победа во низа и вкупно петта.
На домашен терен, Париз го совладаа Партизан со 74-71 и му го нанесе на српскиот тим четвртиот пораз по ред, па „црно-белите“ сега со биланс 2/6 се на 16. место на табелата. Натпреварот се одлучуваше во последните секунди, а херој беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс иако малку недостасуваше да биде трагичар на својот тим.
При водство на неговиот тим ос 70-69, на 30-тина секунди пред крајот Шортс загуби една топка од Лундберг по што Партизан поентираше во контранапад и го презеде водството. Сепак, во следната акција македонскиот репрезентативец го врати загубеното, изнуди лична грешка и два пати погоди од линијата за слободни фрлања за предност од 72-71. Во последниот напад Нтиликина промаши тројка, а Јантунен само стави точка на мечот, повторно со слободни фрлања.
Шортс беше втор стрелец во тимот на Париз со 13 поени на кои додаде осум скока, а седми пат во досегашните осум меча постигна двоцифрен број поени.
РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда – Алба 92-71
Олимпија Милано – Реал 85-76
Баерн – Жалгирис 72-68
Париз – Партизан 74-71


