Екипата на Париз ја совлада Алба во Берлин и го оствари третиот триумф во сезоната во Евролигата, но натпреварот го одбележа шутот за тројка на францускиот тим.
Ти Џеј Шортс и неговите соиграчи упатија забележаа дури 52 обида за тројка (за два имаа само 28), а 20 од нив беа прецизни што значи дека безмалку две третини од вкупниот број поени, Париз ги постигна со тројки. Со тоа, тимот од градот на светлината постави нов рекорд во Евролигата по бројот на упатени удари за три поени, соборувајќи го досегашниот што беше сопственост на Сиена од 2008 година, а изнесуваше 45.
Најупорен од дистанца беше Надир Хифи кој шутна дури 19 пати за тројка, а само три пати за двојка. Со тоа се израмни на второто место во историјата на Евролигата, со Маркус Хауард и Томас Келати, додека рекордот го држи Алексеј Швед со 21 шут за тројка.


