Францускиот прволигаш Париз обезбеди пласман во финалето од Еврокупот по вечерашниот триумф и во вториот меч од полуфиналната серија против Лондон Лајонс.
Париз славеше како гостин, со 93-85 и со вкупен резултат 2-0 се избори за место во финалето кое освен титула, носи и пласман во Евролигата. Со оглед на досегашните резултати оваа сезона, тимот од француската престолнина ќе биде голем фаворит во финалето, без оглед со кого ќе игра.
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс повторно беше најдобар играч на Паризз, а никој не се сомнева дека сезонава ќе го понесе признанието за МВП во Еврокупот. За 27 минути во игра, тој постигна 21 поен, 5 асистенции и 4 скока, а далеку зад него останаа Херера и Хифи со по 13 поени.
За титулата и за пласман во Евролигата, Париз ќе игра со подобриот од серијата меѓу Бурж и Бешикташ каде резултатот е 1-1 и ќе се игра „мајсторка“. Финалната серија почнува на 9 април и против кого и да игра, предноста на домашен терен ќе ја има Париз.


