Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ги потврди гласините дека во текот на летото имал понуди од други евролигашки клубови, но одлучил да остане во својот сегашен клуб.
Во јавноста постоеја информации дека најзагреан да го види во своите редови е Макаби Тел Авив, а особено била актуелна можноста за преселба по заминувањето на тренерот Туомас Лисало.
„Не сакам многу да зборувам за тоа, но имаше и други клубови кои покажаа интерес, го контактираа мојот агент и се распрашуваа за мојата ситуација. Сепак, на крајот одлучив дека најдобро за мене е да останам во Париз и дебитантската сезона во Евролигата да ја почнам овде“, откри Шортс.
Минатата сезона тој беше најзаслужен за триумфот на Париз во Еврокупот и на крајот ги освои наградите за МВП на основниот дел и на финалната серија. Колку Париз е подготвен за дебито во Евролигата ќе се знае на почетокот од октомври кога стартува новата кампања во елитното натпреварување.


