Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс се огласи на социјалните мрежи по синоќешниот сензационален триумф на Финска против Србија, во осминафиналето од Европското првенство.
Новиот плејмејкер на Панатинаикос беше среќен поради исходот, пред се поради еден негов довчерашен соиграч од Париз. Станува збор за Микаел Јантунен со кого настапуваше минатата сезона и заедно забележаа големи успеси, како во домашната кошарка, така и во Евролигата.

Јантунен беше еден од најзаслужните за триумфот на Финска против Србија, постигнувајќи 15 поени со три тројки од четири обиди.
Претстојната сезона Шортс и Јантунен ќе бидат на различни страни бидејќи двајцата летово си заминаа од Париз. Македонскиот репрезентативец се пресели во Панатинаикос, а Финецот е нов член на Фенербахче.


