На 29 декември во арената Берси во Париз ќе се одржи Ол стар натпреварот на француското првенство, а еден од главните личности на манифестацијата ќе биде македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.
Пред денешниот натпревар против Монако, плејмејкерот на Шортс го доби Ол стар дресот, заедно со останатите учесници, но најинтересни од се се резултатите од гласањето. Шортс доби најголема доверба од љубителите на кошарката во Франција и ќе биде капитен на тимот на светот кој ќе игра против тимот на Франција, составен од домашни кошаркари во ЛНБ.
Заедно со Шортс, во стартната петорка на тимот на светот се уште Мајк Џејмс од Монако, Ксавиер Кастанеда од Бурж, Андре Роберсон од Асвел и Шевон Томпсон од Нанси, а тренерот ќе биде предводникот на Париз, Тијаго Сплитер. Почетната постава на тимот на светот ја сочинуваат Надир Ифи од Париз, Тео Маледон од Асвел, Никола Ланг од Лимож, Жофри Ловерњ од Асвел и Бастиен Вотје од Шоле.
Покрај тоа што ќе учествува во главниот натпревар, Шортс ќе настапи и во натпреварувањето во вештини, заедно со Ти Џеј Кемпбел од Поле, Ели Окобо од Монако и Тео Маледон од Асвел.


