Екипата на Париз Баскет е освојувач на Купот на Франција откако во денешното финале во ова натпреварување го совлада Нантер со 90-85.
Тимот од главниот град на Франција стигна до победата како резултат на подобрата игра во последната четвртина која ја доби со 26-15, но најважната работа ја заврши синоќа со победата против против актуелниот шампион и најголем фаворит Монако. На двата меча во главна улога беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој на крајот е прогласен и за МВП на турнирот од Купот.
🔥🏆 PARIS FÊTE LE PREMIER TITRE DE SON HISTOIRE !#LeadersCup pic.twitter.com/zpT3q1GC4w
— LNB (@LNBofficiel) February 18, 2024
Вечерва тој постигна 26 поени, вклучувајќи го можеби и клучнииот кош на 46 секунди пред крајот со кој го однесе Париз на +5 (89-84).
MVP MVP MVP 👑
— LNB (@LNBofficiel) February 18, 2024
Le Trophée de MVP Ludovic Vaty pour TJ Shorts 🐐#LeadersCup pic.twitter.com/8SzETD24Tg
За Париз Баскет, кој егзистира само шеста сезона, ова е прв трофеј воопшто во неговата историја. Иако „млад“ клуб, веќе е сериозен француски прволигаш и многу веројатно наскоро учесник во Евролигата. Сезонава е еден од фаворитите за триумф во Еврокупот и ако успее да ја освои титулата и таму, ќе обезбеди пласман во елитното европско натпреварување.


