Екипата на Париз доживеа пораз во својот прв натпревар во Евролигата и покрај тоа што во своите редови го имаше одличниот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс.
Францускиот вицешампион загуби на домашен терен од Црвена Звезда со 77-80 иако повеќе од 30 минути беше во негатива, а во третиот период заостануваше дури 13 поени зад домашниот тим. Во клучните моменти Недовиќ и Калиниќ постигнаа неколку тројки, па Звезда успеа да направи пресврт и да дојде до исклучително важна победа на стартот на новата сезона.
Ти Џеј Шортс играше безмалку 28 минути и за тој период постигна 16 поени, 4 асистенции, 3 скока и 3 украдени топки за индекс 21, заедно со Калиниќ највисок на натпреварот. Во последната четвртина доживеа и повреда поради која мораше да излезе од игра, но брзо се врати со желба да му помогне на тимот.


