Иако минатото лето беше доведен како едно од најзначајните засилувања, Ти Џеј Шортс наскоро би можел да го напушти Панатинаикос, бидејќи грчкиот клуб повеќе не смета сериозно на него.
Според шпанските медиуми, Шортс веќе некое време не е во плановите на клубот, а од март интензивно се зборува за негово заминување. Ситуацијата отиде толку далеку што неколку тимови низ Евролигата се заинтересирани за американскиот плејмејкер. Сега, според извештаите, трансферот во Хапоел Тел Авив се чини како најреална опција, каде што би можел да ја продолжи кариерата по разочарувачката епизода во Атина.
Во Евролигата оваа сезона, тој имаше просек од 8 поени и 3 асистенции, што е далеку под очекувањата што го придружуваа неговото доаѓање во Панатинаикос. Во исто време, Панатинаикос не мирува. Атинскиот гигант со недели бараше нов плејмејкер и активно разгледува неколку опции на пазарот. Меѓу имињата што беа поврзани со клубот беше плејмејкерот на Басконија, но конечната одлука сè уште не е донесена.
Сево ова може да не се оствари ако Ергин Атаман си замине од Панатинаикос бидејќи Шортс има договор и за идната сезона, а турскиот стручњак е тој што постојано го критикува репрезентативецот на Македонија. Во случај Атаман да си оди, евентуалното завинување на Шортс ќе зависи од новиот тренер.


