Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс одигра уште еден извонреден натпревар во дресот на Париз и е најзаслужен што неговиот тим ќе игра „мајсторка“ за пласман во големото финале од француското првенство.
Во четвртиот меч од серијата против Асвел, Париз славеше како гостин со 103-98 по продолжение и израмни на 2-2, па на домашен терен ќе се бори за прво учество во финалето во клупската историја. Тимот од главниот град, кој идната сезона ќе му право на Асвел во Евролигата, беше на прагот на победата уште во основните 40 минути, но Жофри Ловерњ, при водство на Париз од 87-85, на 7 секунди пред крајот оствари офанзивен скок и погоди за израмнување.
Во продолжение Париз постојано беше водство, а се стана јасно кога во последната минута поведе со 101-93, разлика која се покажа недостижна за домашниот тим.
Шортс беше најдобар играч на натпреварот со постигна 34 поени, 13 асистенции и 4 скока за индекс 34, највисок на мечот. Победникот од „мајсторката“ во финалето ќе се сретне со Асвел кој со 3-1 беше подобар од Бурж.


