Досегашниот лидер на табелата во Евролигата, Париз влезе во мала криза и вечерва го претрпе вториот пораз во низа откако загуби пред своите навивачи од Реал со 85-96.
Францускиот тим имаше проблеми со болни играчи, меѓу другите не играше ни Ти Џеј Шортс, но и во такви услови Париз се држеше до самиот крај. На околу четири минути пред завршувањето на мечот беше 80-83 по што Реал ја направи клучната серија од 13-5 за крај на серијата од три порази во Евролигата.
Поради поразот на Париз, првото место на табелата го презеде Монако, но двете екипи имаат идентичен биланс (11/5). Реал и натаму е надвор од топ-10, но покажа знаци на живот и надеж дека може да се вклучи во борбата за пласман во плејин или плејоф.
РЕЗУЛТАТИ
Монако – Баерн 93-74
Макаби – Басконија 85-95
Панатинаикос – Олимпија Милано 103-74
Барселона – Фенербахче 90-63
Париз – Реал 85-96
Алба – Жалгирис 66-86
Партизан – Асвел 79-82


