В петок Париз ќе дебитира во Евролигата со дуел против Црвена Звезда на домашен терен и тоа ќе биде прв натпревар во елитното натпреварување и за македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.
Плејмејкерот на Париз требаше да има дуел со искусниот Милош Теодосиќ, но до такво нешто, сепак, нема да дојде. Причина за тоа е суспензијата што ја заработи српскиот ас поради инцидентот на мечот од последното коло на Евролигата минатата сезона против Анадолу Ефес кога Звезда загуби со 45 поени разлика (55-100).
Поради жестокиот судир и навредите кон официјалните лица, Теодосиќ доби суспензија на два натпревара, а казнет е и Џоел Боломбој, но на еден натпревар.


