Голем е интересот за потписот на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шорт кој е во немилост на тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман и многу веројатно ќе ја напушти Атина на крајот од оваа сезона.
На адреса на плејмејкерот има понуди од Жалгирис, Црвена Звезда и Олимпија Милано, но израелски медиуми тврдат дека тој се договорил со Хапоел Тел Авив за продолжување на својата кариера. Шортс има уште една сезона од договорот со ПАО, ама Атаман придонесе да не се чувствува добредојден таму иако не е исклучено турскиот стручњак да не биде тренер на осумкратниот европски шампион идната сезона.
Интересно е тоа што Хапоел има уште еден квалитетен плејмејкер во својот тим во Василије Мициќ, но Димитрис Итудис бара поголема длабочина на оваа позиција за идната сезона.
Шортс дојде во Атина од Париз минатото лето откако претходно играше во Вентспилс, Хамбург, Кралсхајм и Телеком Бон. Последната сезона, тој имаше просек од 8,1 поен, 1,3 скока и 2,9 асистенции во Евролигата.


